Emre Gürkan Abay
28 декември 2015•Ажурирај: 29 декември 2015
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин на 28 ноември го потпиша декретот кој има за цел проширувањe на апликациите кои содржат некои од економските санкции против Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според писменото соопштение на Кремљ, донесена е одлука за забрана или ограничување на институциите и поединците кои делуваат во рамките на законодавството на Република Турција и ги извршуваат своите активности во согласност со законите на Република Турција, во одредени области во Русија.
Путин, исто така, даде инструкции да се подготви листа на договори кои остануваат надвор од санкциите на земјата применети против Турција.
Руската Федерација објави декрет, според кој почнувајќи од 1 јануари, 2016 Русија ќе преземе серија економски мерки против Турција. Во овие мерки се вклучени увозот на овошје и зеленчук, турските чартер-летови во Русија и градежништвото.