Nilay Kar
24 Септември 2018•Ажурирај: 24 Септември 2018
АДАНА (АА) - Турската полиција го уапси осомничениот терорист на ДЕАШ, кој беше главен канал за комуникација меѓу терористите во Сирија и во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван полициски извор за АА изјави дека станува збор за Ејуп Б. (47), кој е забележан пред приватна болница и е уапсен во полициската потера во јужната турска област Адана.
Уапсениот се сомничи дека е припадник на терористичката организација ДЕАШ и главен оперативец на таа организација во Адана.
Истиот извор јави дека уапсениот по апсењето се заканувал дека ќе им се одмазди на поткажувачите и на нивните семејства.
Терористичката организација ДЕАШ изврши низа терористички напади во Турција, во кои во изминатите неколку години се убиени повеќе од 300 лица.