Efsun Erbalaban Yılmaz,Mustafa Güngör
18 Јуни 2020•Ажурирај: 19 Јуни 2020
ИЗМИР
Во акција на турската полиција во западниот град Измир е уапсен високорангиран припадник на терористичката организација ДХКП/Џ со иницијали М. С. Д., а станува збор за терорист кој се наоѓал на црвената листа на најбарани терористи во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од полицијата во Измир е соопштено дека припадниците на Одделот за борба против тероризмот извршиле антитерористичка операција во местото Борнова, во близина на Измир.
Во акцијата е уапсен терорист на ДХКП/Џ со иницијали М. С. Д., за кого беше распишана црвена потерница на Интерпол. Терористот, за кого е наведено дека е едно од клучните имиња на ДХКП/Џ, пронајден е во куќа каде што се криел.