Aybala Arpacı
25 Јули 2016•Ажурирај: 25 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Во рамките на истрагата што ја води државното обвинителство во Анкара по обидот за воен пуч од страна на терористичката организација на Фетулах Ѓулен (ФЕТО), притворени се 355 осомничени. Меѓу нив се полковник, потполковник, поручник, потпоручник, десетар, војници и ученици од военото училиште. Уапсени се 327 лица, додека 25-мина беа пуштени на слобода под услов на судска контрола, јавува Anadolu Agency (AA).
По завршувањето на распитот во обвинителството, осомничените со барање за нивно апсење, биле предадени во кривичниот суд од страна на тимот за борба против тероризмот.
Кривичниот суд донесе одлука за апсење на 327 осомничени од 355-те приведени, додека 25-мина беа пуштени на слобода под услов на судска контрола.
Тројца од осомничените беа ослободени од страна на обвинителството.
Меѓу уапсените се наоѓаат полковникот Еркан Оќтем и капетанот Рамазан Карабулут, за кои се сомнева дека пукале во раководителот на полицискиот штаб за борба против тероризмот, Тургут Аслан и неговиот телохранител.