Kristina Maslareviç
15 Април 2016•Ажурирај: 16 Април 2016
БЕЛГРАД (АА) - Министерот на внатрешни работи,Небојша Стефановиќ, во Владата на Србија денес изјави дека во акцијата "Скенер 2" ширум Србија уапсени се 49 лица, поради корупција и злоупотреба на позициите, додека пак по две лица и понатаму интезивно се трага, јавува Anadolu Agency.
Полицијата по редовна постапка поднесе кривични пријави против 25 лица, изјави Стефановиќ и додаде: "Сите овие лица од 2007 година до денес имаат извршено повеќе кривични дела и го оштетија буџетот на Србија, акционерските претпријатија, претпријатијата и физичките лица во износ од околу 7,6 милиони евра".
Како што наведе, помеѓу уапсените низ повеќе градови во Србија, се наоѓаат и раководителите вработени во Министерството за финансии, Даночната администрација, некогашното Министерство за заштита на животната средина и просторно планирање, функционери на локалните самоуправи, јавни претпријатија, Патишта на Србија, Поштата на Србија, Електрокосмет како и 12 сообраќајни полицајци.
"Ова е уште еден показател дека полицијата нема да сопре во вршењето на оваа работа , заедно со надлежните обвинителства, ќе покажеме дека Србија може да биде потполно сериозна, чесна и праведна земја", изјави Стефановиќ.