Beşir Kelleci, Muhittin Sandıkçı, Eyüp Elevli, Muhammet Çelik, Hakan Burak Altunöz
24 Септември 2021•Ажурирај: 26 Септември 2021
АНКАРА - Селата и висорамнините во високите предели на турските области Бајбурт, Ѓумушхане, Ризе, Трабзон и Орду во Црноморскиот Регион обвиени во снег по заладувањето на времето, известува Агенција Анадолија (АА).


Бајбурт
Студот и врнежите од дожд што започнаа синоќа во Бајбурт, предизвикаа врнежи од снег во високите предели.
Голем број села од областа Ајдинтепе и висорамнините на планината Соганли висока 2.400 метри беа прекриени со снег. Во некои места, снежната прекривка достигна 20 сантиметри.

Ризе
Од почетокот на неделата во Ризе активни се врнежи од снег во високите делови.
Врнежите од снег на висорамнините над 2.000 височини во Националниот парк „Какарски планини“ создаде прекрасна глетка.
Во некои делови снежните наслаги достигнаа 15 сантиметри, додека во регионите со надморска височина над 3.000 метри снежната прекривка изнесува 20 сантиметри.

Трабзон
Откако падна температурата во градот во текот на ноќта, врнежите од дожд преминаа во врнежи од снег во повисоките делови на градот. Во некои подрачја на областа Трабзон, како што е долината Халдизен, снежната прекривка достигна 30 сантиметри.

Со своите природни убавини и богата флора, долината на надморска височина од 1.900 метри е омилено место на алтернативните туристи во последниве години. Снежната прекривка формира пејзажни слики како од разгледници.
Али Јуџе, овчар кој живее во долината Халдизен, за Агенција Анадолија (AA) рече дека во регионот, во секој момент можат да се доживеат сите четири сезони.

Орду
Првиот снег сезонава падна и на повисоките предели во областа Орду.
Студеното и дождливото време, кое го зафати градот, во бело ги обви висорамнината Чамбаши и околните висорамнини, со снежна прекривка од 3 до 4 сантиметри.
Ѓумушхане
Високите предели на турската област Ѓумушане обелеаја по снежните врнежи.
Студеното време предизвика врнежите од дожд што го зафатија истоимениот град, од синоќа да преминат во врнежи од снег во високите предели.
