Sena Güler
16 Октомври 2019•Ажурирај: 17 Октомври 2019
ВАН (АА) - „Четири лица се задржани во притвор во Турција откако се обиделе да киднапираат две деца за да ги регрутираат во редовите на терористичката организација ПКК“, соопшти турската полиција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Осомничените се приведени во петокот по технички и физички надзор. За време на полициската рација е запленето големо количество дигитален материјал и документи за активностите на терористичката група.
Од полицијата наведуваат дека децата се вратени на семејствата.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.