Mehmet Alaca
17 Октомври 2019•Ажурирај: 17 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Потпретседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Мајк Пенс, допатува во официјална посета на Република Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Авионот со делегацијата на Пенс на аеродромот „Есенбога“ во Анкара слета во попладневните часови, а 45 минути порано во Анкара слета и авионот со друга американска делегација која ја предводи државниот секретар на САД, Мајк Помпео.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Претседателската палата во Анкара би требало да го прими Пенс.
Вчера во Турција допатува и советникот на Белата куќа за национална безбедност, Роберт О’Брајан, кој се состана со шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар и портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин.
Турските и американските делегации во Анкара денеска ќе разговараат за низа билатерални теми, како и за ситуацијата во Сирија.