Asiye Latife Yılmaz
04 Март 2026•Ажурирај: 05 Март 2026
ИСТАНБУЛ (AA) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес ја пренесе загриженоста на Анкара до својот ирански колега Абас Арагчи поради балистичката муниција испукана од Иран кон турскиот воздушен простор којшто беше неутрализирана, пренесува Анадолу.
Зборувајќи на телефон, Фидан му рече на Арагчи дека треба да се избегне секој чекор што би можел да доведе до ескалација на конфликтот, изјавија извори од турското Министерство за надворешни работи.
Претходно, балистичка муниција испукана од Иран кон турскиот воздушен простор беше пресретната и неутрализирана од воздухопловните и ракетните одбранбени единици на НАТО во Источниот Медитеран, соопшти турското Министерство за национална одбрана.
Министерството соопшти на турската социјална мрежа „NSosyal“ дека проектилот, откриен по минувањето преку Ирак и Сирија, бил успешно уништен од противвоздушната одбрана.