Büşra Nur Bilgiç
26 Ноември 2019•Ажурирај: 27 Ноември 2019
АНКАРА (AA) – Советот за национална безбедност на Република Турција соопшти дека антитерористичката операција „Извор на мирот" ќе биде продолжена на североистокот на Сирија се додека не бидат остварени нејзините цели, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со денешната седница на Советот во Анкара претседаваше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а најавено е и продолжување на решителната борба против терористичката организација ДЕАШ.
Турските сили на 9 октомври на североистокот на Сирија ја покренаа операцијата „Извор на мирот". Целта на операцијата е елиминација на терористичката организација ЈПГ/ПКК на источниот брег на Еуфрат за да се обезбеди турската граница и да се воспостави безбедна зона за доброволно враќање на сириските бегалци во тој регион.
Советот за национална безбедност на Турција денес порача дека и во продолжувањето на операцијата ќе биде водена максимална грижа за цивилите на тоа подрачје.
Советот од седницата во претседателскиот комплекс во Анкара порача и дека од САД и Русија очекува да го испочитуваат договорот за повлекување на терористичките елементи од појасот кој е предвиден за воспоставување на безбедна зона долж северната сириска граница, како и од градовите Тел Рифат и Мунбич.
„Ја повикуваме целата меѓународна заедница да ја поддржи Турција која сака да обезбеди сигурно и доброволно враќање на сириските бегалци, без оглед на нивниот етнички и верски идентитет", се наведува во соопштението на Советот.
Советот на зационална безедност на Турција денес ја осуди резолуцијата на долниот дом на американскиот конгрес за неосновани и лажни ерменски тврдења во врска со настаните од 1915 година.
Турција тие историски настани ги третита како историски трагедии во кои двете страни претрпеа големи жртви, но остро се противи на ерменските тврдења за наводен геноцид над Ерменците. Турција повикува на формирање независна меѓународна комисија која од историски аспект би ги истражила тие настани.