Yusuf Koyun
29 Март 2017•Ажурирај: 30 Март 2017
АДАНА (АА) - Во Адана, во јужниот дел на Турција е уапсен Сириецот Сафван Кахвати, припадник на терористичката организација ДЕАШ кој регрутирал членови од Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Со истрага на полицијата во Адана и на Националната разузнавачка служба на Турција, утврдено е дека Кахвати на 15. март влегол од Сирија во Турција, со намера да регрутира членови од европските земји.
Се претпоставува дека Кахвати имал за цел преку Истанбул да отпатува во Европа, но е фатен во автобус на патот Тарсус – Адана – Газиантеп.
Тој е одведен на распит во полициската дирекција, а неговата сопруга е депортирана.
За време на апсењето, кај Кахвати е пронајден и дигитален материјал и фотографии направени на неколку локации. На една од фотографиите се забележува дека маскираниот Кахвати држи нож на вратот на едно лице.
Прстенот што се гледа на неговата рака го користат челниците на ДЕАШ како печат.
Наводно, овој терорист ги обучувал Европјаните како да користат оружје и експлозивни направи, а утврдено е дека бил поврзан со државјанин на Данска, Махамад Лабан, кој со потекло е од Либан, и со шведскиот државјанин Мохамед Тефик Салех, со потекло од Ирак, кои се уапсени на 10 февруари во Адана.