Muhammed Boztepe
12 Јуни 2019•Ажурирај: 13 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Во Хакќари, југоисточна Турција, фатен е еден од терористите кои во 2016 година изведоа бомбашки напад во близина на „Водафон парк“ во Истанбул, при што загинаа 46 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Од турското Министерство за внатрешни работи потсетија дека во нападот изведен на 10 декември 2016 година, по натпреварот помеѓу турските клубови Бешикташ и Бурсаспор, загинаа 46 лица, меѓу кои и 39 полицајци.
Припадниците на силите за безбедност спроведоа акција во дистриктот Јуксекова, во Хакќари, во која е фатен Месут Бакар, за кој се трагаше поради сомнение дека е припадник на терористичката организација ПКК.
Установено е дека споменатиот терорист е еден од осомничените за терористичкиот напад изведен во околината на стадионот „Водафон парк“.