????? ??????????-???????
11 Ноември 2015•Ажурирај: 11 Ноември 2015
МАРДИН, ТУРЦИЈА (AA) – Еден цивил е убиен во напад на автомобил-бомба во југоисточната турска покраина Мардин во средата, изјави полицијата.
Еден полицаец е ранет во експлозијата, која се поврзува со терористите на ПКК. Болнички извори велат дека полицаецот не во животна опасност.
Бомбата е детонорана во средата наутро во центарот на Даргесит, на околу 43 километри северно од сириската граница во време кога луѓето итале на работа. Целта на нападот било оклопно полициско возило.
Полицијата изјави дека автомобилот бил украден од страна на ПКК пред три недели.
Безбедносните сили започнаа операција за пронаоѓање и приведување на одговорните за експлозијата.
ПКК, која се смета за терористичка организација од страна на Турција, САД и ЕУ, ги продолжи своите вооружени напади кон крајот на јули. Над 150 припадници на безбедносните сили ги изгубија животите во немирите додека војската изјави дека убила околу 2.000 терористи.