Diyar Güldoğan
03 Март 2016•Ажурирај: 03 Март 2016
МАРДИН (AA) – Во судирите со припадниците на терористичката организација ПКК во југоисточната покраина Мардин рано утринава загинаа тројца турски војници, соопштија од државните воени сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на Вооружените сили на Турција наведе дека во текот на операцијата во Мардин освен тројца војници убиени се и осум припадници на терористичката организација ПКК.
Од војската упатија сочуство до семејствата на загинатите војници и истакнаа дека операцијата е и понатаму во тек.
Југоистокот на Турција од минатата година е место на важни воени операции против ПКК, која е окарактеризирана како терористичка организација од САД и од ЕУ.
ПКК во јули минатата година ја обнови својата вооружена кампања на територијата на Турција. Оттогаш во операциите ширум Турција и во северен Ирак загинаа над 280 припадници на безбедносните сили, додека убиени се илјадници терористи на ПКК.