АНКАРА (АА) - Експертите истакнуваат дека припадниците на терористичката организација на Фетула (ФЕТО) ги мамат луѓето со придобивки во овој и во наредниот живот, и кога ќе западнат во нивните мрежи, им ги „перат умовите“, јавува Anadolu Agency (AA).
Експертот за одбрана и безбедност, Абдулах Агар, во разговор со дописникот на Anadolu Agency рече дека во структурата на ФЕТО, досега најзастапено е служењето во организацијата. Покрај служењето, експертот наведува дека посветеноста и понизноста, заедно со услужноста, формираат тројство коешто е најважно во структурата на организацијата. Овие структури, злоупотребувајќи ја верата и побожноста и користејќи ги овие концепти, на лицата што ќе западнат во нивните мрежи успеваат да им ги ‘исперат умовите’ “.

Експертот Агар рече дека нареден чекор е овие лица да покажат дека нема да делуваат по сопствена волја или по верска основа.
„Сите лица во заедницата, откако ќе им бидат испрани умовите, во своето делување се претвораат во машини и ја извршуват зададената задача. Притоа, тоа не го декларираат како ‘служење’, туку како посветеност и понизност. На луѓето им зборуваат: ‘Ќе ја добиете согласноста од Господ и ќе одите во рајот. Јас ќе се заложам за вас’. Тоа значи дека за да бидат членови на заедницата, луѓето треба да им служат и да работат за нив. Овој вид терористички организации опстојуваат на тој начин што на лицата од својата околина им ветуваат придобивки и во овој и во наредниот, задгробен живот“.
Експертот Агар истакна дека во ваквите структури, важно место заземаат очекуваните придобивки.
„Основна идеја на луѓето што се наоѓаат во ваквите структури се придобивките на овој свет, бидејќи тие веруваат дека нема да имаат финансиски и други проблеми. Покрај тоа, веруваат и дека откако ќе починат, ќе заминат во рајот. Кој ќе го овозможи тоа? Се рабира, лидерот на организацијата. Тие веруваат во тоа. Тоа е еден метод. Откако ќе се влезе во организацијата, не е можно да се спасите од неа. Од вас се одземаат делувањето по слободна волја и способноста за самостојно размислување“.
- „Со порака од лидерот, се обидуваат моралот да го одржуваат високо“
Професорот на Турско-германскиот универзитет, доц. д-р Енес Бајракли, потсетува дека со години, структурата на ФЕТО инфилтрирала свои луѓе во бирократските институции, па сѐ до воените училишта и полициските организации, и на луѓето им нуделе вработувања.
Доц. д-р Бајракли зборуваше дека по земањето на испитните прашања од државните институции, тие им биле делени на нивните членови, што го правело атрактивно останувањето во заедницата. „Особено случувањата со испитот за избор на јавни службеници (КПСС) го покажуваат тоа“, вели тој.
Доц. д-р Бајракли истакна дека организацијата им овозможува на членовите и материјална придобивка.
„Откако ќе станат дел од органиацијата, членовите имаат можност за брз напредок во бирократските институции, академскиот живот и во кариерата. На пример, лицето блиско на организацијата или бизнисмен кој ѝ дал пари на организацијата, можат да добијат предност во тендерските понуди. На академиците, на брз начин им се отвора патот во кариерата. Навистина, организацијата на членовите им овозможува безбедна иднина. Но истовремено, тие не можат да излезат надвор од наредбите на организацијата бидејќи ѝ се должни на организацијата на Фетула Ѓулен. Некои лица му служат цел живот“.
Доц. д-р Бајракли зборуваше за структурата на организацијата и рече дека таа ги користи врските и на членовите што живеат во другите земји: „Членовите од терористичката организација кои избегаа во Америка, на социјалната мрежа Твитер пишуваа пароли од типот на ‘Меѓународните сили донесоа одлука. Ќе заврши моќта на АК партијата и Ердоган ќе си оди’. Затоа се обидуваат да ја пропагираат пораката на лидерот. На тој начин, се обидуваат го држат високо моралот на членството“.
- „Организацијата почнува да исчезува“
Поранешниот претседател на Одделот за полициско разузнавање, Булент Оракоглу, истакна дека ФЕТО користи воено-психолошка метода.
„Турција се сретна со закана по националната безбедност. Таа беше многу поразлична од претходните пучови. Се зборува дека 15 јули беше обид којшто требаше Турција да ја втурне во војна со елементите што на границата кај Хатај чекаа за влез во Турција. Сето тоа е вистина. Тие работат со воено-психолошки методи. Како почеток на овие методи се активностите насочени кон влошување на единството и заедништвото во Турција“.
За наводната можност од втор обид за државен удар од страна на ФЕТО, Оракоглу ја даде следната проценка:
„Постојано се обидуваат да делуваат во рамките на општеството. Во моментов, тие го добиваат најголемиот удар. Во Турција се организираат и се групираат 45 години. Добиваат голем удар, покрај во армијата, судството и во полицијата, на удар се и нивните невладини сегменти. Ова досега е само четвртина од оваа работа. Тие имаат двонасочна операција со цел да ги оневозможат операциите и истовремено да го задржат членството. За да не се растури организацијата, се обидуваат да покажат дека сѐ уште се силни, но во моментов, организацијата почнува да исчезува“.
- „Ѓулен си игра со ДНК-та на Куранот“
Професор доктор Невзат Тархан, ректор на Универзитетот „Усќудар“, рече дека Ѓулен смета оти му е дадена титула над божјиот пратеник Мухамед. „Се претставува себеси дека е посредник меѓу Универзумот и Господ. Во такви случаи, кога ќе ни дојдат такви лица, за да се утврди дали се болни или не се, со сигурност ги праќаме на испитување“.
Ректорот на Универзитетот „Усќудар“, Тархан, истакна дека благодарение на своите училишта, Ѓулен остварил глобално проширување.
„Моќта за криење на Ѓулен е многу голема. Себеси се претставува многу поинаку. На ниту еден начин не можете да го откриете. Постојано ја менува својата претстава пред другите. Нема единствен приказ на самиот себеси. Понекогаш користи програми од социјалната мрежа. Ги зема децата на успешните и богати семејства и ги образува. Гледаме како во образованието ги користат сите техники за перење ум кај овие деца. Фокусирање на предметите, повторување на истите теми. Доколку на едно лице постојано му повторувате нешто, тоа е почне да верува во тоа. Луѓето не веруваат во Господ, туку го обожаваат егото на Ѓулен. Тој си игра со ДНК-та на Куранот. Се обидува себеси да се претстави како светец. Неговите следбеници треба да го согледаат тоа и да се оттргнат од грешката што ја прават. Ѓулен има голема способност за хипноза. Прави групна хипноза“.
- „Неуспешниот обид за државен удар како да му ги расипа сите магии“
Професорот од Теолошкиот факултет при Универзитетот „Хитит“, проф. д-р Хилми Демир изјави: „Верските групи во јавниот сектор, со својата проповед меѓу цивилните и безбедносните групи формирале еден колективен идентитет. И лидерот на ФЕТО успеа на просторите на длабоки судири, меѓу религиозниот и конзервативен дел од Турција, со својата проповед да создаде богат извор од кој се храни“.
„Лидерот на ФЕТО, наводно, со научни аргументи ги украсува своите проповеди. Тој нема класични проповеди и неговата возраст има ефикасен ефект во креирањето на имиџот што е прифатен од останатите. Проповедта ја украсува со сеанси на плачење, викање, молчење, ритмичко менување на тагата, техники што кај слушателот создаваат еден харизматичен авторитет. Силните чувства, реториката и сликата на искреност во насолзените очи, слушателите ги оневозможува разумно да расудуваат. Затоа проповедите на лидерот на ФЕТО се подготвени однапред за формирање на светоста на лидерот, и хипнотички делуваат на слушателите“.
Проф. д-р Демир понатаму вели: „Ваквиот вид верски актери кои себеси се претставуваат за божји пророци, веруваат дека се божји пратеници. Лидерот на ФЕТО делува како да се хипнотизирал самиот себеси со долгогодишното повторување на истите зборови“.
- „Со своите соништа се обидува да создаде мистична состојба“
Професорот на одделот за теологија на Универзитетот Мармара, проф. д-р Махмут Ерол Килич, зборувајќи за активностите на Ѓулен и неговите соништа, истакна дека се обидува на тој начин да создаде состојба на мистичност кај своето членство.
Проф. д-р Килич рече: „Со таа состојба на мистика, тоа лице ја создава сопствената недопирливост и на тој и други слични начини, им дава голем материјал на непријателите на духовниот мистицизам“.
news_share_descriptionsubscription_contact
