Sümeyye Dilara Dinçer,Tuğba Altun
02 Март 2023•Ажурирај: 03 Март 2023
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу, покрај институциите на Обединетите нации (ОН), како Советот за безбедност и Светска здравствена организација (СЗО), исто и Светската трговска организација и меѓународните финансиски организации имаат потреба од сеопфатни реформи, јавува Анадолу.
Чавушоглу имаше свое обраќање на состанокот на министрите за надворешни работи на Г20 во главниот град на Индија, Њу Делхи.
Во својот говор на сесијата за зајакнување на мултилатерализмот и потребата за реформи, храна и енергетска безбедност и развојна соработка, Чавушоглу истакна дека пристапот на неговата земја е дека „има потреба од засилување на мултилатерализмот и реформите“.
„Ние сме во ерата на брзи трансформации. Мора да ја разгледаме критички улогата на меѓународниот систем и меѓународните организации“, рече Чавушоглу, истакнувајќи дека ефективниот мултилатерализам и системот заснован на правила се два основни концепти.
„Телото е здраво како своето срце, ОН се срцето на нашиот меѓународен систем“, рече турскиот министер.
Според него, покрај институциите на ОН, како што се Советот за безбедност, Светската здравствена организација, исто и Светската трговска организација и меѓународните финансиски институции имаат потреба од сеопфатна реформа.
„Напорите за реформи треба да се фокусираат на поголеми добрини, а не според нашите индивидуални очекувања.
На пример, мора да се зајакнува регионалното претставување во Советот за безбедност. Но, зголемувањето на бројот на постојани членки со право на вето дополнително ќе ја влоши сегашната неефикасност на Советот за безбедност. Суштината на нашиот повик е: Светот е поголем од пет“, рече Чавушоглу.
Според него, реформата на меѓународниот систем ќе помогне во решавањето на недостатокот на развој, додека имплементацијата на „Агендата за одржлив развој 2030“ и поддршката на помалку развиените земји е важна за одржливиот развој.
„Проценетата цена на „Агендата за одржлив развој 2030“ е околу 4 билиони американски долари. Ова е јаз што треба да го пополниме“, рече тој, додавајќи дека Туркије прави сè што може.
Чавушоглу истакна дека војната во Украина го покрена прашањето за глобалната енергија и безбедноста на храната, и дека Туркије презеде акција што се однесува до безбедноста на храната.
Шефот на турската дипломатија нагласи дека секој напор за развој е незамислив без безбедност на храната и енергетската безбедност.
„Договорот за жито склучен во Истанбул, чии посредници бевме ние заедно со ОН, му помага на секое домаќинство во светот. Ние правиме напори да го прошириме ова. Ние не сме голем производител на енергија, но активно придонесуваме за енергетската безбедност на нашиот регион. За сите овие теми, очекувањата од Г20 се високи. Мора да имаме силна платформа и да покажеме посилно водство“, порача Чавушоглу во обраќањето.