Servet Günerigök
21 Септември 2021•Ажурирај: 22 Септември 2021
ЊУЈОРК
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера во Њујорк се состана со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, јавува Агенција Анадолија (АА).
Состанокот е одржан во новоотворениот центар „Туркеви“ на Менхетен.
Ердоган и Гутереш разговараа за случувањата во Сирија, Либија, Авганистан, како и за кипарското прашање, се наведува во соопштението на ОН.

Претходно, Гутереш присуствуваше на свеченото отворање на центарот „Туркеви“.
Гутереш кој изрази големо задоволство што присуствува на свеченото отворање на центарот „Туркеви“, го пофали неспоредливиот рекорд на Турција во згрижувањето и помошта што им ја дава на бегалците.