Nazlı Yüzbaşıoğlu
01 Август 2018•Ажурирај: 01 Август 2018
СИНГАПУР (AA) – Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, по нападот на припадниците на терористичката организација ПКК врз цивилите во Хаккари, Турција, порача дека убијците на деца ќе одговараат, јавува Anadolu Agency (AA).
Во терористичкиот напад во Хаккари извршен во вторник загинаа сопругата на војникот Нурџан Каракаја и нивното 11-месечно бебе.
„Убијците на бебиња ќе одговараат, нема каде да избегаат“, напиша Чавушоглу.
Чавушоглу го напиша ова на Твитер во текот на посетата на Сингапур, каде што се одржува состанок на министрите за надворешни работи на Сојузот на земјите од југоисточна Азија (АСЕАН).