Çiğdem Alyanak
18 Септември 2017•Ажурирај: 19 Септември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - „Џин на вода“ е примерен опис на бродот, односно платформата за откривање нафта, која утринава помина низ истанбулскиот канал Босфор, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за платформата „Scarabeo 9“ која под знамето на Бахамите плови од шпанското пристаниште Лас Палмас кон романското пристаниште Константа.
Станува збор за пловечки џин долг 115, висок 75 метри и тежок речиси 37.000 тони.
При поминувањето на платформата низ Босфорот беше запрен пловниот сообраќај, а платформата ја следат десетици чамци и чамци на турската крајбрежна стража.
По поминувањето на платформата „Scarabeo 9“, пловниот сообраќај на Босфорот ќе биде нормализиран.