Yasin Yağcı
24 Мај 2016•Ажурирај: 25 Мај 2016
РОТЕРДАМ (AA) - Најголемиот патнички број на светот „Harmony of the Seas" пристигна денес во Холандија, јавува Anadolu Agency (AA).
Овој број на свето прво патување од Франција тргна на 15 мај. Бродот стаса во Ротердам од каде во вечерните часови би требало да тргне за Саутеемптон во Велика Британија.
„Harmony of the Seas" е долг 362, широк 66, а висок 73 метри и тежок 227.000 тони. Околу 2,500 работници на фирмата "STX France", го градеа 32 месеци, односно десет милиони работни часови.
Бродот кој има 16 палуби и може да превезува 6.360 патници и 2.100 членови на посадата, на крстарењата по Медитеранот ќе го користи компанијата „Royal Caribbean".
На бродот се наоѓаат базени, кино сали, казина, парк, театар, воден тобоган, како и многу други содржини.