Vesna Besıc
02 Февруари 2020•Ажурирај: 03 Февруари 2020
САРАЕВО
Професор Сенадин Лавиќ од Факултетот за политички науки во Сараево смета дека нема да има измени на границите ниту на Балканот, ниту во Европа, и истакнува дека приказните за промените на границите доаѓаат од ретроградните сили кои се навраќаат во 19 век, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тој потсети дека фразата дека Балканот е „буре барут“ може да се чуе уште од 19 век.
„Балканот, всушност, служи како еден издувен вентил за разни европски идеологии. Јас не мислам дека Балканот е баш толку ’буре барут‘, колку што некои посакуваат да го демонизираат во таа смисла. Мислам дека од исклучителна важност е да сфатиме дека балканскиот простор треба да го усвои фактот за владеење на правото и почитувањето на либералнодемократските идеи на современото време и тоа дека овие два стратешки процеси ќе ја одредат неговата иднина“, изјави проф. Лавиќ за новинарите пред редовната сесија на „Круг 99“ во Сараево.
Проф. Лавиќ истакна дека не верува дека ќе има војни и додаде дека ситуацијата на Балканот ќе се одвива во насока на решавање на прашањето за Северна Македонија, Косово и Босна и Херцеговина, со што ќе се заокружи структурата на Балканот.
„Нема да има измени на границите ниту на Балканот, ниту во Европа, тоа треба да ви биде јасно. Приказните за измени на границите доаѓаат од ретроградните сили кои се навраќаат во 19 век. Границите на Европа се дефинитивно завршени и нема да има измени на ниту една граница“, додаде проф. Сенадин Лавиќ.