ПОДГОРИЦА (AA) - Адел Омерагиќ
Коалицијата на Социјалдемократската партија (СДП) и Демократската партија на социјалистите во Црна Кора (ДПС) во Црна Гора раскината е по 18 години заедничко дејствување. Претседателот на Собранието на Црна Гора и лидерот на СДП Ранко Кривокапиќ во интервју за Anadolu Agency вели дека стратешките интереси на Црна Гора се остварени и дека е време вниманието да се насочи кон развојот на земјата. Освен тоа, тој зборуваше и за состојбата на Балканот, кој е погоден со бегалската криза, но и за остварените стратешки цели и интереси на Црна Гора. Кривокапиќ во интервјуто посочи дека сега е време вниманието да се насочи во развојот на земјата.
На прашањето како ги гледа односите помеѓу државите на Балканот, Ранко Кривокапиќ истакнува дека "Балканот повторно се вознемири".
„Еден дел од тоа е преселба на народите која тргна, предизвика притисок на и онака кревките политички состојби. Второ, имаме недовршени политички транзиции. Имаме потполна неподготвеност на изборите во Македонија, преодна Влада, промена на премиер, специјален обвинител, апсење на министрите поради изборни измами, 12 илјади лични карти кои не се откривени. По истиот модел се одвиваат работите во Црна Гора, се плашам. Слични се ракописите, притоа, во Македонија не се владее повеќе децении, туку само осум или десет години. Во Косово опозицијата и власта се во постојан конфликт, во Албанија постојат доста тешки проблеми во областа на владеење на правото. Србија со своите проблеми, остра поделба помеѓу властите и опозицијата, медиумската сцена исто така зоврива, додека Босна и Херцеговина е во својата стабилна нестабилност, и сето тоа дава една слика на Балканот која е чекор назад од она што го очекувавме дека ќе се случува. Се бара да се случат суштински промени, начинот на владеење да биде изборната демократија, силни институции, поединци кои одговараат пред институциите. На тој начин ќе ги добиеме вистинските инвеститори. За жал, тоа не се случи, туку начинот на владеење оди во автократија во разни облици, кон изборни грабежи. Сето тоа е еден модел кој се случува на Балканот и кој е сфатен. Моменталната ситуација не е добра, дури и доста полоша. Но, перспективно мислам дека се отвораат процеси кои ќе го менуваат тоа, се надевам дека изборите во Црна Гора и Македонија ќе бидат забрзување на тие процеси", рече Кривокапиќ.
Тој вели дека е незадоволен со економската состојба во неговата земја. Порачува дека на Црна Гора и недостасува владење на правото, а оценува дека приватизацијата е искористена "како уништување на Црна Гора", а не како шанса да се имаат стратешките инвеститори, да се има индустриско производство, бидејќи без тоа нема одржлив развој".
"Во Црна Гора недостасува владеењето на правото. Приватизацијата е искористена како уништување на Црна Гора, а не како шанса да се донаст стратешките инвеститори, да имаме индустриско производство, бидејќи без тоа, нема одржлив развој. Партијата на премиерот Мило Ѓукановиќ сака да владее без мнозинство, без демократска волја на народот. Оваа партија се плаши и не сака да излезе на слободни избори, а СДП сосема слободно оди во опозиција, со желба да отвори нова динамика и да покаже дека проектот за независноста не беше ниту изневерување на наророт, ниту беше сето она кое го говореа противниците на овој проект, туку беше проект за суштинска стабилност и развој на Црна Гора", рече Кривокапиќ.
Кривокапиќ смета дека стратешките цели се остварени кога станува збор за Црна Гира, земјата е независна, граѓанска, сочуван е мултиетничкиот склад и се наоѓа на патот на евроатланските интеграции.
„Стратешките цели се остварени, а тоа е извлелување на Црна Гора од скутот на Слободан Милошевиќ од 1998 година, извлекување на Црна Гора од скутот на Воислав Коштуница, претворање на Демократската партија на социјалистите во партија со граѓански концепт 1998 година, партија која тоаш излезе од војна и ширење на граѓанскиот блок во Црна Гора, како и зачувување на хармонијата на мултиетничкиот слад, а тоа е она што го сочинува темелот на Црна Гора, граѓанска држава, евоатланските интеграции и независноста. И после тоа дојде референдумот, стратешката цел на СДП, единствената партија во парламентот која ги негува тие цели од почетокот, и следната цел, која ја стави безбедносната круна на Црна Гора, тоа е повикот за членство во НАТО", вели Кривокапиќ.
Кривокапиќ кој беше на чело на Парламентарното собрание на OEBS, добро запозна како функционираат изборите во тие 57 земји. Затоа тврди дека темелот на демократијата е правото на граѓаните слободно да одлучуваат и да избираат кој ќе им биде власт.
Коментирајќи ги односите на Црна Гора со државите во регионот, Кривокапиќ истакнува дека тие се најдобри, пријателски.
"Црна Гора успеа да развие пријателски односи, ја даде таа важна црта на стабилизацијата на просторот колку што тоа можеше да го направи како мала земја. Тоа е оној дел од работата кој добро го обавувавме во коалиција. Секако, секогаш тие односи се врзани со разни историски категории и во вкупната стабилност о рамките на секоја земја. Но ако барате дефиниција, таа е добра", истакнува Кривокапиќ.
Црна Гора во август минатата година во Виена потпиша Спогодба за граница со БиХ и со Косово. Меѓутоа, косовската опозиција, која протестира против актуелната Влада, бара повлекување на оваа спогодба.
„Очекувам дека Република Косово ќе ја испочитува својата согласност за таа спогодба, дека ќе ја заврши ратификацијата, и дека во интерес на Косово е тоа да се заврши на тој начин. Црна Гора го призна Косово и покрај сите проблеми кои ги имаше поради тоа, имавме демонстрации пред Собранието, напад на Собранието на Црна Гора. Сметам дека тоа е начин да градиме добри односи, доверба, и дека тоа е со цел стабилизација на регионот", истакнува Кривокапиќ.
Кога е во прашање Превлака, односно решение на граничниот спор со Хрватска, Кривокапиќ вели дека не верува дека наскоро ќе има решение за тоа недосразбирање.
„Очекувам дека тоа ќе трае. Привремената спогодба функционира добро, нема екцес. Но, имајќи го во предвид сето она што претходно го кажавме за Балканот, таквите договори бараат многу постабилна состојба. Не очекувам брзо решение, но имајќи во предвид дека се функционира добро, тоа и не е некој тежок проблем", рече Кривокапиќ.
- Турција- Вистински пријател на Црна Гора -
Зборувајќи за односите на Турција и Црна Гора, претседателот на црногорскиот парламент вели дека "Турција секогаш била крајно расположена кон Црна Гора".
„Јас имам посебна обврска кон Турција, бидејќи во Истанбул сум избран за претседател на Парламентарното Собрание на OEBS. Добив голема поддршка од Турција тогаш, дури го повлекоа својот кандидат за да отворат простор за мојот избор. Тоа беше знак на пријателски однос кон Црна Гора. Вкупните односи секогаш биле фрекфрентни, пријателски, но не се искористени на вистински начин. Мислам дека ситуацијата во Црна Гора не била отворена на вистински начин за турските инвеститори. Обвинителот неодамна во Собранието рече дека ќе се покаже дека вистинските инвеститори биле рекетирани во Црна Гора. Сметам дека и дел од турското откажување во одредени проекти беше резултат на тоа. Турција беше спремна да инвестира во Црна Гора, со сето она што го направи, помагајќи ги со одредени проекти граѓаните на Црна Гора. Пример за вистинско пријателство кон една земја имавме од страна на Република Турција", рече во интервју за АА Кривокапиќ.
news_share_descriptionsubscription_contact
