Fatjon Cuka
23 Април 2020•Ажурирај: 23 Април 2020
ТИРАНА
Во Албанија откриени се уште 29 случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на случаи во земјата се зголеми на 663 лица, меѓу кои се и починатите и излекуваните лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.
Во соопштението се нагласува дека во последните 24 часа тестирани се 240 сомнителни лица, од кои 29 резултираа позитивно на Ковид-19, меѓу кои 13 се лица од казнено-поправни установи.
„Досега се тестирани 6.509 сомнителни случаи од кои вкупно 663 резултираа позитивно на Ковид-19. Во последните 24 часа излекувани се уште 29 пациенти, со што вкупната бројка на излекувани од Ковид-19 се зголеми на 385. Моментално во земјата има 251 активен случај“, се вели во соопштението.