Fatjon Cuka
18 Мај 2020•Ажурирај: 19 Мај 2020
ТИРАНА (АА) - Во Албанија откриени се уште 2 случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на откриени случаи во земјата се искачи на 948, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.
Во соопштението се нагласува дека во последните 24 часа биле извршени 168 тестирања за Ковид-19, од кои 2 биле позитивни.
Се вели дека во последните 24 часа излекувани се уште 12 пациенти од Ковид-19.
Според соопштението, досега во земјата се откриени вкупно 948 случаи со Ковид-19, додека моментално има 190 активни случаи.
Досега во Албанија се извршени 12.722 тестирања, и излекувани се вкупно 727 пациенти.
Како последица на Ковид-19, во Албанија досега починаа 31 лице.