Fatjon Cuka
13 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
ТИРАНА (АА) - Во Албанија откриени се уште 21 случај со новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 467, меѓу кои починати и излекувани лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.
Во соопштението се вели дека тестирани се 193 сомнителни лица, од кои 21 било позитивни на Ковид-19.
„Досега тестирани се 4.70 сомнителни случаи, од кои вкупно 467 се позитивни на Ковид-19. Досега 23 граѓани починаа поради оваа пандемија. Во последните 24 часа излекувани се уште 15 лица, со што вкупниот број излекувани лица од Ковид-19 се зголеми на 232“, се наведува во соопштението.
Министерството упати апел до граѓаните да продолжат со почитување на мерките за социјално дистанцирање, со цел спречување на ширењето на овој вирус.