Fatjon Cuka
13 Јануари 2018•Ажурирај: 14 Јануари 2018
ТИРАНА/СКАДАР (AA) - Во градот Скадар во Албанија се случи експлозија во која се повредени неколку лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицијата на Албанија преку официјално соопштение потврди дека експлозијата се случи во утринските часови во населбата „Партизани" во Скадар, при што биле повредени осум лица.
Според првичните податоци, постои сомнеж дека експлозивната направа била сместена на алатка за моторно возило во близина на една зграда.
Тројца од повредените се пренесени во болница во Тирана, каде им се укажува потребната лекарска помош, а другите пет повредени лица се наоѓаат на лекување во регионалната болница во Скадар.
Исто така, во врска со експлозијата, полициските сили сослушале и привеле неколку лица.