Fatjon Cuka
03 Јули 2020•Ажурирај: 03 Јули 2020
ТИРАНА
Во Албанија починаа уште три лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), а откриени се уште 90 нови случаи на заразување со овој вирус, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.
Вкупниот број на починати поради Ковид-19 во земјата се зголеми на 72, додека вкупниот број на откриени случаи се искачи на 2.752.
Во последните 24 часа направени се 362 тестирања, а досега во земјата се реализирани вкупно 28.033 тестирања.
Меѓу другото, излекувани се уште 33 пациенти што беа заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на излекувани порасна на 1.592.
Моментално во земјата има 1.088 активни случаи.