Fatjon Cuka
08 Ноември 2016•Ажурирај: 09 Ноември 2016
ТИРАНА (АА) - Три лица загинаа во поплавите што во текот на денот зафатија неколку градови во Албанија, јавува Anadolu Agency (AA).
Првата жртва е регистрирана во општина Клос, каде што во поројот го загуби животот еден жител, а во текот на денот загинаа уште две лица, во Тирана и во Клисура.
Полицијата од градот Ѓирокастро соопшти дека во општина Клисура, 50-годишен жител паднал од покривот на неговиот дом, по што починал. Според првичните сознанија, тој паднал како резултат на силниот ветер.
Во меѓувреме, телото на неидентификувано лице било извадено од реката Тирана, на периферијата од главниот град.
Ситуацијата во градовите Драч, Тирана, Леж, Дебар, Фуша-Кроја, Ѓирокастро и други, и понатаму е тешка.
Врнежите започнаа во ноќните часови, а според Управа за хидрометеоролошки работи на Албанија, поројните дождови ќе продолжат до четврток.