Aldijana Hadzic
10 Јануари 2021•Ажурирај: 11 Јануари 2021
ВЕЛИКА КЛАДУША
Неколку десетици мигранти, повеќето со потекло од Бангладеш, Авганистан и Пакистан, во исклучително тешки услови престојуваат во импровизираниот камп во шумата кај Велика Кладуша, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мигрантите, кои ги има помеѓу 30 и 50, се наоѓаат во кампот што го оформија поради недостатокот на капацитет во околните кампови, а кој сега уште еднаш се сруши како последица на снежните врнежи, што дополнително ја отежна нивната состојба.
Локалното население им носи храна, а на мигрантите им е потребна и топла облека и ќебиња со оглед дека температурите на воздухот се спуштаат и значително под нулата, а и снегот паѓа.
Снегот им нанесе додатни штети на импровизираните кампови поради што дел од мигрантите засолниште бараат и во напуштените куќи, каде што се засолнети од снегот.
Од друга стана, Мустафа Ружниќ, премиерот на Унско-санскиот кантон, на прашањето на новинарите во врска со плановите во случајот со мигрантите во шумите во близина на Велика Кладуша одговори во рамките на сесијата на Круг 99 одржана во онлајн формат.
Во врска со мигрантите што се наоѓаат на граничниот премин, Ружниќ рече дека настојувале од „злогласните кампови Бира и Мирал“ да ги преместат малолетниците и да ги сместат во „Бориќи“.
„Сите ранливи категории, за што бевте сведоци пред еден месец, пред зимата, кои се наоѓаа на самите гранични појаси во некои мали кампови што мигрантите ги организираа чекајќи да преминат, ги повлековме сите мигранти во постоечките центри, посебно семејствата, жените, децата, и така понатаму“, рече Ружниќ.
Тој наведе дека мал дел од мигрантите останале и не сакале да бидат регистрирани во центрите, меѓу кои и во „Мирал“.
„Зошто? Нашата полиција има претпоставка дека тоа е поради нивниот статус во земјите од кои доаѓаат. Едноставно не сакаат да бидат регистрирани. Многу малку од нив, кои се наоѓаат во мали кампови, до 10-15 луѓе се во камп. Едноставно не сакаат да се вратат“, рече Ружниќ.