????? ??????????
26 ноември 2015•Ажурирај: 27 ноември 2015
ГЕВГЕЛИЈА АА – Едни со молк, други со скандирање. Ваква е денешната слика од протестот на мигрантите кои повеќе од една недела седат заглавени на меѓуграничниот појас кај Гевгелија, јавува Anadolu Agency (AA).
По синоќешниот пороен дожд кој ги натера да се скријат во шаторите поставени од страната на Грција, мигрантите денеска повторно излегоа на железничката пруга. Иранската група останува со молк да го изрази својот револт поради затворените граници, додека пак мигрантите од Бангладеш, Мароко и Пакистан со извикување “Слобода” и “Пуштете не”, бараа да да им се дозволи патот кон земјите од Европската Унија.
Економските мигранти веќе осми ден се наоѓаат заглавени на грчко-македонската граница. Поради затворените граници тие штрајкуваат со глад, а некој од нив во знак на револт си ги сошија устите.
Во бегалскиот камп за разлика од вчеравечер има бегалци кои го чекаат првиот воз кој ќе ги однесе до српската граница Табановце, од каде што треба да го продолжат својот пат кон ЕУ.