İhvan Radoykov
09 Јуни 2017•Ажурирај: 10 Јуни 2017
СОФИЈА (АА) - Најмалку три лица се повредени во хеликоптерската несреќа што се случи денеска во источниот дел на Бугарија, јавува Anadolu Agency (AA).
Бугарското Министерство за одбрана соопшти дека хеликоптерот од типот Пантер се урна во Црното Море за време на воено тактичката вежба во регионот.
Во соопштението се вели дека целата екипа ја преживеале несреќата, но дека три лица се повредени, вклучувајќи и едно лице кое се наоѓа во животна опасност.
На местото на несреќата пристигнале воена фрегата и неколку рибари кои дојдоа да им помогнат на жртвите и да се спречат посериозни последици.
Истрагата за причината за несреќата е во тек.