Aldijana Hadzic
11 Април 2020•Ажурирај: 12 Април 2020
САРАЕВО (АА) - Според официјалните податоци, во Босна и Херцеговина (БиХ) со новиот тип коронавирус, Ковид-19, заразени се 935 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На веб-страницата на Министерството за цивилни работи на Босна и Херцеговина објавени се податоците за епидемиолошката состојба, со пресек до 12 часот денес, 11 април, кои покажуваат дека се тестирани 10.181 лице, од кои 935 се заразени, а 37 починале. Под надзор се 16.425 лица.
Во ентитетот Република Српска (РС) потврдени се 392 случаи на коронавирусот, тестирани се 5.365 лица, а под надзор се 6.244. Потврдени се 14 смртни случаи.
Во ентитетот Федерација на Босна и Херцеговина потврдени се 526 случаи, тестирани се 4.607, додека под надзор се 8.817 лица. Регистрирани се 22 смртни случаи.
Во дистриктот Брчко потврдени се 17 случаи на коронавирусот, тестирани се 209, а 1.364 лица се под надзор. Од последиците предизвикани од вирусот Ковид-19 починало едно лице.