Admir Fazlagic
16 Септември 2017•Ажурирај: 17 Септември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за внрарешни работи на Република Македонија соопшти дека синиќа во село Калишта во близина на Струга полициски службеници во глисер пронашле 30 килограми марихуана, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Вчера во атарот на село Калишта-струшко на околу 300 метри од брегот во Охридското Езеро полициски службеници од Полициската станица Струга во содејство со РЦ Запад-Полициската станица за Граничен надзор “Охридско езеро“ во пловен објект (глисер) врзан за бова пронашле опојна дрога марихуана. Се работи за бел мал чамец во должина од околу 4 до 4,5 метри со мотор без капак каде што при преглед биле пронајдени две црни торби со по 14 паковки тревкаста материја или вкупно 28 паковки со вкупна тежина од околу 30 килограми со опојна дрога марихуана", се вели во соопштението на МВР во врска со овој случај.
Од страна на полициски службеници дрогата е подигната од местото на настанот и е пренесена во Полициската станица Струга за понатамошна постапка.
МВР работи на целосно расчистување на случајот.