AP
27 Февруари 2018•Ажурирај: 28 Февруари 2018
СОЛУН (АА) - Полицијата во северниот дел на Грција заплени 105 килограми марихуана од соседна Албанија и уапси албански државјанин поради обид за шверц на дрога со автомобил, пренесува Anadolu Agency (AA).
Осомничениот 26-годишен албански државјанин беше запрен и уапсен денес, во близина на граничниот премин Кристалопиги, соопштија од грчката полиција.
И покрај напорите на локалните власти во борбата за нелегално одгледување, Албанија и понатаму останува еден од најголемите производители на марихуана.
Според наводите на полицијата, властите во северна Грција оваа година заплениле 1,3 тони дрога од Албанија.
Се истакнува дека само во 2017 година биле конфискувани 10,9 тони дрога, додека во 2016 четири тони.