Mara Dragovic
16 Јануари 2018•Ажурирај: 17 Јануари 2018
БЕЛГРAД (АА) - Убиството на Оливер Ивановиќ за Србија претставува терористички чин и така ќе се однесуваме кон него, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ по седницата на Националниот совет за безбедност, јавува Anadolu Agency (AA).
„На седницата беше договорено и испратено писмо до властите на ЕУЛЕКС и УНМИК државните органи на Република Србија да учествуваат во спроведување на истрагата, бидејќи тоа би значело откривање на вистината за убиството“, рече Вучиќ во обраќањето за новинарите.
Според него, српското Обвинителство за организиран криминал денес покренало предистражна постапка. „Србија ќе ги преземе сите неопходни мерки и ќе го пронајдеме убиецот, од Федерика Могерини и сите претставници на меѓународната заедница побарав работата да ја одработат професионално и одговрно“, рече Вучиќ.
Запрашан дали српските служби за безбедност имаа информации за тоа дали на Ивановиќ некој му се заканувал, Вучиќ одговори негирајќи. „Без оглед на сите политички разлики, лично упатувам сочувство не само до семејството Ивановиќ, туку и до сите Срби во Косово, бидејќи овој напад, кој ѝ да го сторил, Србин, Албанец или странец, е напад врз семејството Ивановиќ, врз српскиот народ во северно Косово и на Србија како целина“, рече Вучиќ додавајќи:
„Кој и да го уби Оливер Ивановиќ не е Србин, дури и да има српско име, а ако не е, тогаш се ќе биде јасно“.
Вучиќ рече дека убијците оставиле одредени траги и дека тоа е причината зошто Србија бара активно учество во пронаоѓање на сторителот.
Поради убиството на Оливер Ивановиќ, претседателот на граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“, делегацијата на Србија во Брисел ги прекина разговорите во рамките на дијалогот за нормализирање на односите помеѓу Белград и Приштина, а Вучиќ тоа го искоментира дека бесмислено е да се разговара со секојдневни закани.
„Тешко е да зборувате за нешто кога имате секојдневни закани, каде оној кој е прав господар на Косово, а тоа не се ни Тачи, ниту Харадинај, туку Кадри Весели, зборува дека Албанците нема да запрат до Ниш“, рече Вучиќ.
Со констатација дека ги разбрал заканите, како и молкот на меѓународната заедница, Вучиќ му порача на Весели дека нема да стигне до Ниш.
„Ниш ќе остане убав град кој може да го посетат како туристи, а тоа дека доаѓаат со војска, нека го заборават“, додаде Вучиќ.
Тој истакна дека народот на Косово е вознемирен и додаде дека наскоро ќе отпатува за Косово. Србите од Косово ги повика на мир и воздржаност.
Ивановиќ, кој командуваше со српските паравоени групи во војната во Косово, беше осуден на 9 години затвор во 2016 година за злосторства извршени врз цивили Албанци за време на војната. Врховниот суд ја поништи одлуката во 2017 година и нареди повторно судење.