Zlatan Kapiç
28 декември 2015•Ажурирај: 29 декември 2015
БЕЛГГРАД (АА) - Целта на Турција се добрите односи со Србија, Босна и Херцеговина и стабилноста на регионот во целина, порача денеска во Белград премиерот на Турција Ахмет Давутоглу по состанокот со српскиот премиер Александар Вучиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Потсети дека како министер за надворешни работи два пати престојувал во Белград и им се заблагодари на присутните на гостопримството на српски јазик.
Давутоглу рече дека после Кипар и Азербејџан, дојде во Србија и дека тоа е показател на значењето кое Турција и го придава на Србија.
"Иако немаме граница со Србија, ние ја прифаќаме како соседна земја. Денеска донесовме многу важна одлука, а тоа е формирање на меѓудржавен совет како што се состанување на двете влади со претседавање на двајца премиери", рече Давутоглу.
Укажа на потребата од зголемување на трговската размена, која, како што наведе, треба што побрзо да достигне милијарда евра. Односите помеѓу Турција и Србија ќе допринесат и за развојот на регионот во целина порача турскиот премиер.
"Добрите билатерални односи помеѓу Турција и Србија се основ за стабилноста и добрите односи во регионот, на Балканот" , рече Давутоглу.
Рече и дека Вучиќ денеска го поканил претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ утре да им се придружи во Белград а после тоа заедно да го посетат Нови Пазар.
"Наша најважна цел е покрај добрите односи со Србија, стабилноста на Босна и Херцеговина и стабилноста на регионот", рече Ахмет Давутоглу.
Според неговите зборови, полноправното членство на Србија и Турција во Европската унија е многу важно и за самата унија, бидејќи тоа ќе допринесе за Европа да стане "континент на мирот" .
Денешната посета во Белград е исклучително добра порака со цел јакнење на регионалниот мир и стабилоста, како што ќе биде, смета Давутоглу и утрешната посета на Санџак.
-Односи на Турција и Русија-
Турскиот премиер Давутоглу рече дека се сложува со српскиот колега Вучиќ кој изјави дека "Србија не тежнее кон решавање на светските проблеми" одговарајќи на прашањето да ги коментира односите на Србија и Турција по соборување на рускиот воен авион кој го повреди турскиот воздушен простор.
"Со Вучиќ не се сложуваме само во едно,а тоа е неговата изјава дека Србија е малечка земја. Не е така, Србија е многу значајна земја и трета страна, односите со некоја трета страна не можат да ги нарушат односите на Србија и Турција", кажа Давутоглу.
Тој додаде дека "Балканот е вкусна супа со различни состојки" на што Вучиќ рече дека "бега од метафори кога е во прашање Балканот" .
Давутоглу потоа потсети дека "постојат оние кои сакаат да предизвикаат нестабилност на Балканот", а како што рече, желбата на Турција и државниците на балканските земји е мирот и стабилноста во регионот кој го исполнуваат различности со меѓусебно почитување и уважување.
- Порака до Србите-
"Нашиот пристап е таков. Како што реков, јас го сакам Белград, како и Истанбул. Вучиќ, кога доаѓа во Истанбул, треба да се чувствува така. Тоа е израз на љубовта не на некои историски тврдења. Им велам на сите Срби: 'Истанбул е ваш град, Анталија е ваш град' и сите нека го нарекуваат свој град, би ми било драго поради тоа. Сите тие изјави треба така да ги гледаме" , рече Давутоглу во врска со поранешните изјави на турските функционери во кои некои од градовите во регионот се нарекувани како свои, поради што имаше бројни реакции.
Вучиќ, како што рече Давутоглу, по настанот во Сребреница на 11 јули оваа година покажа политичка зрелост и укажа на важноста од што поскоро надминување на проблемите од минатото.
Давутоглу потсети дека на Срспко-турскиот бизнис форум вечерва ќе присуствуваат 137 стопанственици од Турција, односно околу 500 учесници.