Mehmet Hatipoğlu
13 Октомври 2018•Ажурирај: 14 Октомври 2018
КОМОТИНИ (АА) - Единаесет лица го загубија својот живот, додека едно лице е повредено во сообраќајна несреќа, во која, минибус во кој се наоѓале нерегуларни мгиранти удри во камион, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на локалните медиуми, минибусот кој патувал од Кавала кон Солун, ја изгубил контролата поради големата брзија, и удрил во камионот кој се движел во спротивната насока.
Во несреќата животот го загубија 11 лица кои се наоѓале во минибусот, додека шоферот на камионот се здоби со лесни повреди.
Двете возила се запалија како резултат на несреќата.
Труповите на загинатите се пренесени во државната болница во Кавала за аутопсија.