Mehmet Hatipoğlu
25 Декември 2017•Ажурирај: 26 Декември 2017
АТИНА (АА) - Припадниците на анархистичката група Рувиконас фрлија боја на зградата на амбасадата на Израел во Атина, јавува Anadolu Agency (AA).
Во утринските часови, група од десетина лица врз зградата на израелската амбасада во Атина, сместена во населбата Психико, фрлија голема количина боја и шишиња.
Потоа на социјалните мрежи беше објавено соопштение, потпишано од групата, во кое се наведува дека нападот бил извршен во знак на поддршка на палестинскиот народ.
„Ние сме со народот кој веќе со векови е жртва на разни притисоци“, се вели во соопштението.