Besar Ademi
03 Април 2017•Ажурирај: 03 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, пристигна во Скопје, каде што ќе се состане со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, јавува Anadolu Agency (AA).
Според претходните најави, Туск и Иванов ќе разговараат за мигрантската криза, улогата на Македонија во справувањето со неа, како и за политичката состојба во Македонија.
Како што најавија од Кабинетот на претседателот Иванов, освен за актуелните состојби со мигрантската и бегалската криза, улогата на Македонија и состојбите во регионот, тој ќе го запознае Туск и со политичката ситуација во земјата, а ќе се разговара и за европската перспектива на регионот.
По тет-а-тет средба на претседателот Иванов и претседателот на Европскиот совет, Туск, ќе се одржи пленарна седница меѓу двете делегации, а подоцна, лидерите на двете делегации ќе одржат прес-конференција. Потоа, според најавеното, ќе следува работен ручек на кој ќе присуствуваат претседателот Иванов, претседателот на Европскиот совет, Туск и членовите на делегациите.
Ова е трета посета на Туск на Македонија во последните две години.На последната средба во март минатата година, Туск и претседателот Иванов разговараа за постигнување на заедничко европско решение за бегалската и мигрантската криза.