Hasan Esen
24 ноември 2015•Ажурирај: 26 ноември 2015
БРИСЕЛ (АА) – Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет, по соборувањето на рускиот авион од типот SU-24, во Сирија, недалеку од границата со Турција, повика на присебност и смирениост, јавува Anadolu Agency (AA).
По соборувањето на авионот, Туск на социјалната мрежа Твитер напиша дека сега е потребно сите да бидат присебни и смирени.
И гласноговорникоот на Европската комисија, Александер Винтерстејн, рече дека одблизу се следи развојот на ситуацијата.
„Настојуваме да утврдиме точно што се случило“, кажа Винтерстејн.
Од НАТО е соопштено дека денес попладне ќе биде одржан вонреден состанок откако утринава турските вооружени сили соборија воен авион во близина на турско-сириската граница.
Гласноговорникот на Канцеларијата на ОН во Женева, Ахмед Февзи, кажа дека со соборување на авионот може додатно да се ископлицира кризата во Сирија.
Воен авион од руско производство, тип SU-24, е соборен недалеку од турско-сириската граница по десет дадени предупредувања во рок од пет минути, а го пресретнаа и срушија два турски ловци од типот F16 утринава во околу 9:30 часот по локално време, соопштено е од Генералштабот на вооружените сили на Турција.