Admir Fazlagic
26 Јуни 2017•Ажурирај: 26 Јуни 2017
СКОПЈЕ (АА) - Еврокомесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан денеска пристигна во Макеоднија и својата прва средба ја започна со претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, со кој според најавите ќе разговара околу плановите за реформи на новата македонска Влада, како и да ја повтори поддршката на Европската унија за земјата да ги спроведе неопходните реформи за во иднина да стане членка на Европската унија (ЕУ), јавува Anadolu Agency (AA).
Предвидено е делегација на Владата на Република Македонија, предводена од премиерот Зоран Заев во чијшто состав ќе бидат и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров со делегација на Европската унија предводена од еврокомесарот Хан.
По средбите ќе се одржи тематска седница на Владата на Република Македонија посеветена на итните реформски приоритети за евро-атланските интеграции на којашто ќе присуствува и еврокомесарот Хан.
По завршувањето на тематската седница на Владата ќе се одржи прес конференција на премиерот Заев и еврокомесарот Хан.
Пред посетата на Македонија, еврокомесарот Хан посочи дека доаѓа за да даде поттик на спроведувањето на реформите што Брисел очекува да бидат спроведени во брз рок, а со цел земјата да се врати на патеката за евро-атлантската интеграција.