Alma Çekovic
21 март 2016•Ажурирај: 22 март 2016
САРАЕВО (AA) - Европскиот комесар за соседна политика и проширување Јоханес Хан ја започна официјалната посета на Босна и Херцеговина со средбата со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина (БиХ) Игор Црнадак, јавува Anadolu Agency (AA).
Хан со Црнадак во зградата на Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина одржа состанок зад затворени врати, а потоа ќе следуваат средби со претседавачот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ и членовите на Претседателството на БиХ Драган Човиќ и Младен Иваниќ
Главни теми на разговорите со босанско-херцеговските функционерите ќе бидат реформите и процесот на европските интеграции.
По повод оваа посета, комесарот Хан изјави дека е охрабрен со напорите на босанско-херцеговските власти на преземање на потребните чекори кон ЕУ во склад со очекувањата на граѓаните на Босна и Херцеговина.
"Важно е да да продолжат реформските напори за да земјата напредува на патот кон ЕУ", порача Хан.
Во рамките на посетата на БиХ Хан ќе се состане и со претседавачот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ и премерите на босанско-херцеговските ентитети Република Српска и Федерацијата на БиХ, Жељка Цвијановиќ и Фадил Новалиќ.