Kemal Zorlak
02 Ноември 2019•Ажурирај: 03 Ноември 2019
САРАЕВО (AA) - Земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтер го потресе регионот на градот Травник, а се почувствува и во главниот босанско-херцеговски град Сараево, јавува Anadolu Agency (AA).
На интернет страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) е наведено дека епицентарот на земјотресот е забележан на 14 километри северно од Турбе (населено место во Травник), на длабочина од 10 километри.
Земјотрес исто така се почувстува и во Сараево и во Бања Лука.