Fatjon Cuka
25 Јуни 2017•Ажурирај: 25 Јуни 2017
ТИРАНА (АА) - Одѕивот на гласачите на парламентарните избори во Албанија до 13:00 часот во избирачките места кои имаат пријавено податоци на национално ниво изнесува 25,69 отсто, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа бројка е објавена од страна на портпаролот на Централната изборна комисија на Албанија, Дрилона Хоџај, преку изјава за медиумите. Според неа, од вкупно 5.362 избирачки места, само 26 отсто објавиле податоци.
Хоџај апелираше до членовите на комисиите во избирачките места да ги објават податоците до Централната изборна комисија и истите да ги префрлат во системот на ЦИК.
Во најголемата област во земјата, Тирана, до овој час одзивот на гласачите изнасува 29,76 отсто, додека највисокиот одѕив е регистриран во подрачјето на Леж со 31,92 отсто.
Во меѓувреме, денес, се одржуваат и делумни избори за градоначалник на општина Каваја.
За обезбедување на Зонските комисии на Изборната администрација и на избирачките места, ангажирани се 5.851 полицајци.
Од друга страна, во одредени избирачки места забележани се инциденти, додека во Тирана полицијата уапси едно лице за кривично дело „повреда на тајноста на гласањето”.
Инаку, на овие избори учествуваат 18 политички партии, кои имаат пријавено 2.666 кандидати за пратеници, а во ЦИК нема регистрирани коалиции.
Според официјалните податоци на ЦИК, на целата територија право на глас имаат 3.452.260 граѓани кои се регистрирани за гласање во 5.362 избирачки места.