Ivana Ramadanova
25 Јуни 2017•Ажурирај: 26 Јуни 2017
СКОПЈЕ (АА) - Денеска околу 10 часот, три лица беа убиени, додека пак убиецот се самоубил при обидот на полициските Алфи да го приведат, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Министерството за внатрешни работи, убиството се случило во скопското село Глумово и на улицата Панајот Гиновски на влезот во село Кондово.
Полицијата соопшти дека едно лице е убиено во Глумово, а две на улицата Панајот Гиновски. Смртта е констатирана од екипа на Итната медицинска помош.
Според првичните информации од страна на МВР, станува збор за сторителот Ш.С. од село Глумово, Скопско.
Екипи од МВР се не терен и вршат увид, a најавени се повеќе детали во текот на денот.