İhvan Radoykov
15 Ноември 2016•Ажурирај: 16 Ноември 2016
СОФИЈА (АА) - Според официјалните резултати од вториот круг на претседателските избори кои во неделата се одржаа во Бугарија, Румен Радев е избран за нов претседател, јавува Anadolu Agency (AA).
Според конечните резултати кои ги објави Централната изборна комисија, претставникот на главната опозициска партија, Бугарска социјалистичка партија (БСП) Румен Радев освои 59,37 отсто гласови. Кандидатот на Владејачката партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), претседателката на бугарскиот парламент, Цецка Цачева освои 36,16 отсто гласови.
Во 27-годишната историја на демократија во Бугарија, за првпат гласањето беше задолжително и повторно за првпат на гласачкото ливче постоеше ставка „не поддржувам никого“, кое го избрале 4,4 отсто од гласачите.
Според конечните резултати, Радев освоил 2.063.032 гласа, Цачева освоила 1.256.480 гласа, додека „никого не поддржувам“ избрале 155.398 лица.
На изборите учествуваа 50,3 отсто од гласачите.
Новоизбраниеот претседател Радев на својата функција ќе започне на 22 јануари 2017 година.