Bedrudin Brlyavac
22 Ноември 2017•Ажурирај: 23 Ноември 2017
САРАЕВО (АА) - Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ во врска со пресудата на поранешниот командант на Војската на Република Српска Ратко Младиќ, кому во Хашкиот трибунал му е изречена казна на доживотен затвор, истакна дека Младиќ е злосторник и кукавица бидејќи, како што рече, само кукавиците убиваат цивили и заробени жени и деца, јавува Anadolu Agency (AA).
„Се надевам и убеден сум дека формулацијата за босанските Срби би требала да биде попрецизна и да се однесува на раководството на босанските Срби и на режимот на Милошевиќ, кои ги организираа злосторствата во Босна и Херцеговина и ги вовлекоа луѓето во нив. Јас сум убеден дека претежно тивкото мнозинство на босанските Срби не се поистоветува со Младиќ и со злосторствата и дека не ги оправдува", рече Изетбеговиќ.
Тој потсети дека судијата во Хаг изјави дека Младиќ ќе биде запаметен во светот како негативец за најстрашниот злосторства кои ги знае човештвото.
„Од пресудно значење за иднината на односите во Босна и Херцеговина е да се симне хипотеката на злосторства од еден народ, и да се лоцираат поединци, без оглед на тоа колку се овие поединци и какви функции вршат. Ратко Младиќ е криминалец и кукавица, бидејќи само кукавици убиваат жени, деца, цивили", рече Изетбеговиќ.
Тој истакна дека ниту еден народ, па дури ниту српскиот, не би требал да го смета и да го нарекува херој Ратко Младиќ.
„Поради иднината, поради почитување на болката и страдањето на соседите со кои треба и понатаму да живеат, поради односите кон самите себе, ниту еден народ па дури ниту српскиот, Ратко Младиќ, не треба да го нарекува херој, да пишува за него песни, да ги слави злосторстваа, да ги одликува воените злосторници, да ги дочекува на аердодроми, да им прави споменици и по нив да нарекува училишта и улици. Се надевам дека пресудата на Ратко Младиќ ќе донесе таков вид на отрезнување и прекин со оваа практика во БиХ. Мислам дека прифаќањето на вистината е единствениот начин и пат, иднината на Босна и Херцеговина да биде подобра од минатото'', рече Изетбеговиќ.
На прашањето што мисли за изјавата на членот на претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ, по пресудата на Младиќ, кој вели дека од Хашкиот трибунал не може да се очекува ништо друго, Изетбеговиќ потсети дека Иваниќ во неговата претходна изјава посочи дека на фудбалски натпревар помеѓу Србија и Босна и Херцеговина, би навивал за селекцијата на Србија.
„Ова е нешто што ќе помине за неколку дена. Како што реков порано, без оглед на тоа што голем број Срби зборува за тоа, тие добро знаат во своето срце како стојат работите и дека не може да ги поддржуваат делата на Ратко Младиќ. Ова не се брани, ова треба да се тргне од вратот на српскиот народ", рече Изетбеговиќ.