Besar Ademi
09 Јануари 2018•Ажурирај: 10 Јануари 2018
СКОПЈЕ (АА) - Вршителот на должноста претседател на Движењето БЕСА, Неџбедин Кахремани, во врска со последните случувања во партијата, изјави дека добивал закани по неговиот живот и семејство за да поднесе оставка од функцијата која моментално ја врши, јавува Anadolu Agency (AA).
Кахремани, кој е пратеник во Собранието на Република Македонија, откако сегашниот разрешен претседател на Движењето БЕСА, Билал Касами, поднесе оставка поради кандидатурата за градоначалник на локалните избори кои се одржаа на 15 октомври минатата година, на прес-конференцијата одржана во Собранието на РМ, истакна дека лицата кои му се заканувале се пријавени во полиција.
Осврнувајќи се на заканите кон него, Кахремани рече дека министерот за внатреши работи, Оливер Спасовски, е информиран за случајот, и додаде дека ќе бидат информирани и сите дипломатски претставништва во земјата, вклучувајќи ја и амбасадата на САД, Канцеларијата на ЕУ и ОБСЕ.
„Од вчерашниот ден добивав сериозни закани по мојот живот и семејството. Јас ги познавам лицата кои ми се заканија и тие сега се пријавени во полиција. За овој случај е информиран и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, а ќе бидат информирани и сите дипломатски претставништва во земјата, американската амбасада, канцеларијата на ЕУ, ОБСЕ и другите амбасади“, рече Кахремани.
„Ги замолувам сите оние кои се закануваат, да знаат дека со ова нема да ме спречат чесно и прецизно да ја извршам мојата должност“, додаде Кахремани, истакнувајќи дека очекува од надлежните органи за го разјаснат случајот.
Движењето БЕСА во парламентарната група има 5 пратеници, за кои Кахремани рече дека ќе продолжат да функционираат заеднички.
Од друга страна, Билал Касами, за кого вчера беше соопштено дека заедно со неговите соработници насилно ги зазел канцелариите на ова движење во Скопје, исто така, нагласи дека петте пратеници на ова движење во Собранието ќе функционираат заеднички.
На 6 јануари, во саботата, Движењето БЕСА одржа состанок на Централниот одбор, каде беше дискутирано за одржување на првиот Конгрес на партијата на 24 февруари. На овој состанок, Касами беше разрешен од функцијата претседател на партијата, и до одржување на првиот Конгрес беше донесена одлука на чело на партијата да биде пратеникот Неџбедин Кахремани.
Разрешувањето на Касами од функцијата претседател на партијата е направен поради неговиот неуспех, односно должноста на лидерот за локалните избори и прекршување на статутот на партијата.
Централниот одбор на Движењето БЕСА вчера преку соопштение нагласи дека канцеларијата на ова движење во Скопје е нападната од страна на вооружени лица, скршена е бравата и заземена со насилство.
Осудувајќи го овој насилен акт, во соопштението се наведува дека очекуваат органите на редот да го разјаснат случајот и извршителите на овој вандалски акт да одговараат пред правдата.

Според Касами, неговото разрешување е направено на нелегитимен начин, бидејќи, како што рече, на состанокот на Централниот одбор на 6 јануари е донесена одлука тој да ја води партијата до првиот Конгрес. Но, потоа, тој рече дека „некои од членовите на Централниот одбор, игнорирајќи го редовниот состанок дошле во канцеларијата во Скопје, насилно ја отвориле и одржале состанок на кој учествувале лица кои не се членови на Централниот одбор“.
Според него, договорот за неговото разрешување е направен од страна на едно неовластено лице кое ги злоупотребило невалидните печати во име на Движењето БЕСА.
„Вчера со моите соработници дојдов во канцеларијата, влеговме внатре каде што затекнав две неовластени лица во канцелариите на партијата, при што пријавивме во полиција за да дојдат во местото на настанот да се изврши увид на ситуацијата. Откако завршија потребните процедури, полицијата ги отстрани тие лица и ни овозможи да имаме пристап до канцеларијата на паријата“, рече Касами.
Касами истакна дека од ова можат да заклучат дека не постојат Две движења БЕСА, туку има само едно, кое, како што рече, работи согласно одлуките донесени на состанокот на Централниот совет во Тетово на 6 јануари.