Furkan Naci Top
09 Јануари 2018•Ажурирај: 10 Јануари 2018
АТИНА (АА) - Вицепремиерот на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во врска со решавањето на прашањето околу името со Грција истакна: „Се наоѓаме во една историска година од аспект на соработката меѓу двете земји“, јавува Anadolu Agency (AA).
Османи во изјава за медиумите по средбата одржана во Атина со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, нагласи дека владата на Македонија има за цел да ги реши овие прашања кои се чувствителни од политички аспект.
„Се обидуваме да создадеме позитивна атмосфера со Грција за решавање на спорот со името. Европското прашање е една значајна точка“, рече Османи.
Османи истакна дека оваа година е значајна за развој на односите меѓу двете земји. „Се наоѓаме во една историска година од аспект на соработката меѓу двете земји“, и додаде дека наредните шест месеци се особено важни.
Во врска со прашањето дали на преговорите за името било дискутирано за името „Република Нова Македонија“, Османи одговори: „Нема да биде корисно од аспект на преговорите ако коментирам околу ова прашање. Различните изрази што ги слушате во вестите се шпекулации“.
Како што рече Османи, во февруари ќе се објави извештај за проширување од апскет на учеството во ЕУ. „2018 година претставува златна шанса за интеграција во ЕУ. Затоа сме одлучни да најдеме решение. Во наредните денови треба да го забрзаме процесот“, додаде вицепремиерот Османи.
Исто така, тој пренесе дека специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, кон крајот на јануари ќе ја посети земјата, и дека очекуваат да даде јасен предлог околу името.