Agim Sulaj
27 Март 2020•Ажурирај: 27 Март 2020
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово уште седум лица се заразени со коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со коронавирусот во земјата се искачи на 86 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Според соопштението, во Лаборатотијата за молекуларна микробиологија при Националниот институт за јавно здравје на Косово биле тестирани 25 случаи, од кои 7 биле позитивни на Ковид-19.
„Сите случаи се познати, контактирани и се во самоизолација“, се наведува во ова соопштение.
Националниот институт за јавно здравје упати апел до граѓаните да ги почитуваат препораките, и да на излезат масовно за време на слободното време за движење.
Во оваа лабораторија тестирани се над 800 сомнителни случаи, од кои вкупно 86 резултирало позитивни, меѓу кои еден починат, и едно излекувано лице.